Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Силна експлозија во центарот на Атина, поставена бомба пред банка во близина на Министерството за труд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
atina-ubistvo

Во центарот на Атина, во близина на зградата на Министерството за труд, синоќа експлодирала бомба и предизвикала штета на зградата, но нема повредени, пренесува Катимерини.

Полицијата и пожарникарите ја обезбедуваа областа откако направата се активирала во 01:29 часот по локално време, а антитерористичката единица ја истражува експлозијата.

— реклама —

40 минути претходно непознато лице во име на Револуционерната класа самоодбрана, засега непозната организација, испратило предупредување до весникот „Ефимерида тон синтактон“ дека во близина на министерството е поставена експлозивна направа.

Во друг повик, едно лице кажало дека била поставена бомба пред банка која се наоѓа во близина на министерството. Весникот веднаш ја известил полицијата која го опколила теренот.

— реклама —

Државната телевизија ЕРТ објави дека експлозивната направа била во торба поставена на ограда пред зградата на банката во близина на министерството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања