Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Силниот ветер го наруши авиосообраќајот во Амстердам, проблеми и во железничкиот сообраќај

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-library0d43imet3ott9dFm7Yn
фото: unsplash

На аеродромот „Схипхол“ во Амстердам денеска се откажани десетици летови поради силниот ветер предизвикан од бурата „Боело“, додека во одредени делови на Холандија сè уште е на сила жолто предупредување.

Откажани се бројни летови на авиокомпаниите КЛМ, Луфтханза и Изиџет, бидејќи силниот ветер оневозможува користење на одредени аеродромски писти, пренесува „NL Times“.

— реклама —

„Авиокомпаниите ги приспособуваат своите редови на летање. Патниците треба да сметаат на откажувања и доцнења“, изјави портпаролот на аеродромот „Схипхол“.

Од аеродромот наведуваат дека патниците ќе добијат информации за своите летови директно од авиокомпаниите.

— реклама —

Компанијата КЛМ уште во петокот и саботата откажала десетици летови поради силниот ветер.

Силниот ветер во текот на ноќта меѓу саботата и неделата предизвикал и материјална штета.

— реклама —

Во делот Амстердам-Норд, дрво паднало врз автомобил што бил во движење.

Во близина на местото Лохем, во покраината Гелдерланд, дрво паднало врз железничката пруга, поради што утрово возовите не сообраќале.

Во покраината Фрисланд, надлежните служби за безбедност ги повикале граѓаните да не се јавуваат на бројот 112 за случаи на паднати дрвја или гранки, освен ако не се работи за непосредна опасност.

„На тој начин телефонската линија 112 ќе остане слободна за пријави за ситуации во кои луѓето или животните се во непосредна опасност“, се наведува во апелот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3uls2qnhengu5OTM0eS

Туристичкиот рај се претвора во пекол: Популарен европски град се бори со туристите

Патувања | пред 5 месеци

— реклама —
media-libraryejtatn3s40ln06ZGjgk

Експлозија во еврејско училиште во Амстердам

Свет | пред 7 месеци

amsterdam

Азилант во Амстердам осомничен за убиство малолетничка и силување на жена; Градоначалничката: Жените не се сигурни

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања