На 7 октомври во 20 часот Филхармонијата ја отвора новата концертна сезона со настап на исклучителниот македонски пијанист Симон Трпчески.
На програмата се две ремек-дела на Франц Лист – Концертот бр. 2 и симфонијата „Данте“.
Диригент е Габриел Бебешелеа од Романија, а ќе настапи и хорот „Про-арс“.
Билетите се веќе достапни и може да се резервираат на тел: 02/3238 182 и да се купат онлајн на веб-страницата www. filharmonija.mk.