„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Симона Цветановски: Оставка од Тошковски поради загубените животи!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Македонија
media-libraryftga4sruds763bQudEq

СДСМ преку Симона Цветановски го обвинува МВР за сериозни пропусти по трагедијата во Карпош каде загинаа мајка и дете. Таа наведува дека имало 12 пријави за насилство и индиции за висок ризик, но полицијата не реагирала навреме, иако насилството се гони по службена должност и МВР има обврски и по посебниот закон. Како примери ги посочува и убиството во Велес по претходни пријави, како и случајот во Старо Нагоричане со 5 жртви, каде пријави биле игнорирани и немало обдукции/истрага до ексхумација. СДСМ бара оставка од Панче Тошковски.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Трагедијата во скопската населба Карпош, во која згаснаа животи на мајка и дете ги покажа сите сериозни пропусти на МВР. МВР на Тошковски потфрли, вели Симона Цветановски, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

— реклама —

 „Две години постојано имало пријави за семејно, физичко и психичко насилство.

 Вкупно 12 пријави имало за сторителот, кој имал и други обвиненија и кривични пријави, а во последниот случај кај него била пронајдена и дрога.

— реклама —

 МВР било алармирано, постоеле пријави, имало сознанија и индиции за сериозен ризик. Но со несоодветна и ненавремена реакција не ги заштитиле жртвите.

 А со измените на Кривичниот законик, насилството врз жените и семејното насилство се гонат по службена должност – дури и кога пријавата е повлечена.

 Не само кога има телесни повреди, туку и кога со насилството се нарушува здравјето и безбедноста на жртвата.

 Значи полицијата морарла да постапи.

Дополнително, МВР е обврзано да постапува и согласно Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.

 Да делувале, да бил приведен, до трагедијата можела да биде избегната.

 Само пред неколку месеци во Велес млада жена беше убиена заедно со нејзиниот татко, иако претходно пријавувала насилство.

 И тогаш МВР не реагираше навреме.

МВР потфрли и во случајот со серискиот убиец во Старо Нагоричане.

 5 жртви, исклучиво жени.

 МВР две години ги игнорирала пријавите на жителите дека сторителот се прикрадува во двовори и демне.

 Прично, жртвите биле третирани како „природна смрт“, не била правена обдукција, немало истрага.

 Дури откако обвинителството побарала ексхумација овозможува отворање на истрага за убиства.

 Ова зборува за сериозни потфрлања на МВР кое го води Панче Тошковски.

 Проблемот почнува од врвот. Додека други молчат – СДСМ нема да молчи. Оставка“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања