„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Шимпанзото Коко се повредил во скопската Зоолошка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-07-19-at-09.45.10

Во скопската Зоолошка градина беше извршена првата високо стручна интервенција за седација на шимпанзо – процедура која се смета за една од најсложените во светот на ветеринарната медицина. Поводот беше несреќа при игра помеѓу шимпанзата Коко и Изи, кои живеат заедно веќе неколку години.

— реклама —

„Како и кај сите блиски односи, понекогаш дури и најдобрите пријатели знаат да се налутат“, велат од Зоолошката. Малото недоразбирање помеѓу двете шимпанза резултирало со тоа што Коко се лизнал и ја повредил ногата.

По инцидентот, веднаш била обезбедена прва помош, а биле контактирани и холандските соработници со кои Зоолошката градина има долгогодишна соработка. Во консултација со нив, на терен бил повикан стручен тим од Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје.

— реклама —

Под координација на професорот Пламен Тројачанец, Коко бил седиран и транспортиран во ветеринарната болница, каде што му биле направени рендген и лабораториски испитувања. Констатирана е напукнатина на мала коска на ногата, која ќе зарасне природно, без потреба од хируршка интервенција.

„Среќни сме што Коко е стабилен, под надзор и во процес на целосно закрепнување. Овие ситуации се природни и очекувани дури и во најхармонични групи на човеколики мајмуни“, додаваат од Зоолошката.

Од таму потенцираат дека нивниот приоритет останува благосостојбата на животните и дека грижата за нив продолжува со несмалено внимание.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања