Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Симптоми кои значат дека преживувате стресни ситуации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
stres

Можеби мислите дека е очигледно кога сте под стрес. Тажни сте, тешко ви е, не можете да се фокусирате, избувнувате често. Но, понекогаш стресот се покажува на поинаков начин, а тоа е и најчесто кога тој е долгорочен и почнува да остава поголеми ефекти.

Лесно се уморувате

— реклама —

Хроничниот стрес предизвикува голем замор. Исто така и долгите негативни размислувања, лутења, несоница, лошата храна се опасна комбинација за нашето здравје. Сето тоа доведува до мала енергија, лоша концентрација, па и главоболка.

Проблеми со спиењето

— реклама —

Имате проблеми со спиењето, а мислите дека не сте под стрес? Бидете внимателни, веројатно станува збор за долгорочен стрес или нешто што остава поголеми ефекти на вас одошто мислите. Уште еден класичен проблем е и будењето неколку часа пред алармот. Лошите соништа, особено оние кои се поврзани со реалноста, се уште еден доказ за тоа.

— реклама —

Променлив апетит

Понекогаш, кога сте под стрес не ви се јаде ништо. Во други ситуации, пак јадете многу и тоа особено јадете мрсна храна и благо. Многу луѓе кои се под стрес одат во тие две крајности.

— реклама —

Лесно избувнувате

Кога сте под стрес, можеби се чувствувате дека имате краток фитил. Ви се насобираат обврски, постојано сте под стрес и лесно избувнувате и во најобични ситуации. Тоа е аларм дека треба да видите што се случува со вас и да најдете начин како да го решите стресот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања