Промени тема
Контакт

Син го заклал својот татко во Чаир

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryaeegdtj3kfledFMsoR9
Илустрација / Скопје1

Триесет и едногодишен скопјанец е лишен од слобода под сомнение дека со нож го усмртил својот татко по семеен инцидент што се случил синоќа во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, настанот се случил околу 22:35 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар. Според пријавеното, 52-годишниот Е.Л., кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга.

— реклама —

По нападот, нивниот 31-годишен син Б.Џ. со нож му нанел повеќе убодни рани на таткото, од кои тој починал.

Полициски службеници од СВР Скопје околу 23 часот го лишиле од слобода осомничениот, додека повредената жена била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.

— реклама —

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. По целосното документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

— реклама —

Според информации на „Скопје1“, син го заклал својот татко. При интервенција на Итната медицинска помош било неуспешно да го спасат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvo0qqe4h52a392pOjWG

Над 30 пати е прободен скопјанецот кој е убиен од син му во Чаир, психијатар ќе му ја проверува состојбата на осомничениот

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
media-libraryah3jtgvqv1e5cSp17Zz

Испливаа нови детали за убиството во Чаир: Синот се претставувал како пророк, таткото бил пријавуван за насилство

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања