Полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода 37-годишен прилепчанец по пријава дека упатувал закани кон неговите родители.
Од МВР информираат дека Д.Б. (37) бил лишен од слобода на 13 август во 16:15 часот во Прилеп.
По целосното документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.