Син на екссудијка и стручен од СЈО меѓу избраните обвинители, извисија внукот на Русковска и обвинителот што се спогоди со Кичеец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
arssss

Син на поранешна врховна судијка и стручен соработник од СЈО се избрани за обвинители, а пак, внук на ексшефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и обвинителот кој се спогоди со Зоран Милевски-Кичеец не добија доволно гласови. Ова е дел од одлуката на Советот на јавни обвинители, каде се избраа 31 нов обвинител за 10 основни јавни обвинителства.

— реклама —

Во скопското основно обвинителство се избрани 13 обвинители. Меѓу нив е и Давид Неделков, син на екссудијката во Врховен суд, Лидија Неделкова. Потребен број на гласови не доби обвинителот Зоран Маркоски кој е внук на Вилма Русковска, а кој сега правораздава во основното обвинителство во Куманово. Останатите избрани во Скопје се Сашо Палчевски, Бурханедин Нухију, Ирина Црвенковска, Јана Ристеска, Милена Новеска Латиновска, Кристијан Смилевски, Бојана Ваневска, Илир Зајази, Александар Софронијовски, Динче Стојановска, Марија Секуловска Велковска, Марина Галева, Орхан Арифовски.

— реклама —

Арсим Адеми, обвинителот кој се спогоди на шест месеци затвор со Зоран Милевски Кичеец по сообраќајката на Стража каде загина едно лице, не доби доволен број гласови. Па така, не му помина ниту една од апликациите, а се обиде во четири обвинителства - ОЈО Гостивар, ОЈО Кичево, ОЈО Скопје, ОЈО Тетово. Тој ќе остане адвокат. Адеми, беше обвинител, но се повлече од правораздавањето.

— реклама —

Во кумановското основно обвинителство се избрани двајца обвинители. Едниот е Ивана Јаневски. Другиот пак, е Лукман Салихи кој работеше во СЈО, како истражител преземен од МВР. Салихи е кадар на Академијата за судии и јавни обвинители кој бил еден од послабо рангираните како слушател на почетната обука, каде добил оценка 14,32, а полоши биле само тројца други слушатели. На конечната ранг листа, Салихи имал 53.55 бодови. На листата од 97 кандидати, само 13 биле послабо рангирани.

За јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Битола е избрана Ангелина Ангелевска Илиевска, а за Основно јавно обвинителство Гевгелија е избран кандидатот Драгиња Аврамчева. Благој Митевски е избран во Основно јавно обвинителство Делчево, во Основно јавно обвинителство Охрид е избран Ерол Шериф, додека, за јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Струмица е избран Кире Манински.

За јавни обвинители во Основно јавно обвинителство Тетово се избрани кандидатите Илзана Касами Шабани, Стефан Попоски и Блерим Бесими, а за во Основно јавно обвинителство Штип се избрани Здравко Кескинов Жежов и Луција Кашуба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања