Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Синдикат на Клинички: Јавното приватно партнерство е штетно за државата, вработените и пациентите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
KIR_0837

Синдикатот на Клинички центар бара од министерот за здравство Венко Филипче да ја појасни вчерашната изјава во врска со државните болници низ земјава, при што ја спомена можноста за јавно-приватни партнерства во здравствениот систем пред се на болничко ниво, за ослободување од како што рече, непотребните трошоци за одржување на објектите.

— реклама —

Од Синдикатот посочуваат дека од изјавата на министерот за здравство, не е јасно дали стратегијата за болниците во помалите општини во државата е регионализација или јавно приватно партнерство.

-Доколку Министерството за здравство се залага за регионализација и затворање на болниците, Синдикатот на клинички центар смета дека за тоа прашање треба да се консултираат граѓаните. Поради несогласување на жителите од општината, во минатото не се оствари планот на Министерството за здравство за затварање на болницата во Крива Паланка. Ако се планира болниците да се дадат во сопственост на приватни газди, како модел на јавно приватно партнерство за Синдикатот на клинички центар останува нејасно како тие ќе ги исполнат капацитетите на болниците и од каде ќе обезбедат здравствен персонал, се вели во писмената реакција на Синдикатот на Клинички.

— реклама —

Од Синдикатот исто така го прашуваат Филипче, дали се планира, здравствениот персонал да се пополни на сметка на Универзитетските клиники во состав на Клинички центар и истите да станат недоволно конкурентни на таквите „јавно“ приватни болници.

-Сакаме да истакнеме дека целта на јавното здравство не е остварување добивка, туку обезбедување на социјалниот мир. Богатството и убавината на нашето јавно здравство е правото на избор на доктор за сите осигуреници, додека истото е привилегија на мал број граѓани во приватното здравство. Истовремено, јавното здравство целосно гледано, сеуште ја нуди најквалитетната стручна услуга во државата. Синдикатот на клинички центар смета дека јавно приватното партнерство, како долгорочен договор со преземени обврски и јасно дефинирани газди е штетен за државата, вработените во јавните здравствени установи, а сигурно најмногу за пациентите и граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања