„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија најавуваат штрајк од 5 март

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
strajk

Како Синдикат на администрација и државна управа на Македонија имаме морална, етичка и граѓанска должност и одговорност да ја известиме јавноста дека на 26.02.2019 год. испративме допис до Министерството за правда, Министер Рената Дескоска, до Претседателот на Врховен суд, Јово Вангеловскии и до Претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје, Иван Џолев за започнување на штрајк согласно законите во Основен суд Скопје 1 Скопје, велат од Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија- САДУ.

— реклама —

Од таму додаваат: Иако, претходно беа известени за нашите барања, каде бараме да се почитуваат законите во државата во рокот за помирување од 5 дена, наидовме само на молк и игнорирање од истоимените институции.

На 26.02.2019 год. согласно законите уредно со списоци на наши потпишани членови ја известивме Министерката Рената Дескоска, Претседателот на Основен суд Скопје 1 и Претседателот на Врховниот суд дека ние на ден 05.03.2019 год. започнуваме штрајк.

— реклама —

Од тука почнуваат реформите во правосудниот систем во Македонија. Вработените кои што согласно законските процедури се потпишаа дека ќе штрајкуваат биле изложени на притисок со цел да се откажат од нивните намери.

Немајќи “резултат“ од ваквите активности, Претседателот на Основен суд Скопје 1 Скопје ги повикал сите вработени во салата за состаноци барајќи лично до петок (01.03.2019, денес) да се изјаснат дали ќе го подржат штрајкот, дали ќе штрајкуваат или ќе го повлечат својот потпис од списокот, иако согласно Законот за работни односи не смее да се вршат такви дејствија.

Нашето законско и уставно загарантирано право на штрајк е грубо прекршено, а тие како Министер за правда, Претседател на Основен и Врховен суд, како судии, треба најдобро да знаат дека за такво делување и попречување на законски загарантирано право на штрајк следува кривична одговорност.

Но сепак, затскривајќуи се зад моќта на власта се определуваат да ја извршат првата реформа во слободното судство во државата.

Ги повикуваме веднаш да се откажат од нивните дејствија, во спротивно, Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија како претставник на работниците има обврска да ги заштити правата на штрајк преку законите во нашето реформирано судство.

Ги повикуваме сите невладини организации кои работат во областа на човековите права и демократијата, вклучувајќи го и Хелсиншкиот комитет за човекови права, кој вчера критикуваше за недоволната активност на синдикатите, да излезат со свој став и осуда со што ќе придонесат во остварување на нашите права како синдикат.

Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија за сите активности ќе ги извести меѓународните синдикални организации каде е полноправна членка ( European public service union- EPSU и Public services international- PSI ), а преку Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија ќе бидат известени и Светската и Европската конфедерација на синдикати, но и Меѓународната организација на трудот, каде ќе бидат наведени сите факти и докази за кршење на законите во делот на синдикалното организирање и правото на штрајк.

На крај, се надеваме дека ќе сопрат сите дејствија и после долг период ќе отпочне фер и коректен социјален дијалог и партнерство, а членовите ќе можат да ги искажуваат своите барања слободно, согласно законските одредби, со што ќе докажеме дека Македонија се наоѓа на Европски пат каде слободата е на највисоко ниво.

Многу пати предупредувавме со нашата парола “ Не смеете без нас, да одлучувате за нас “ и дека и ние сме фактор за реформи, но очиглено не сме сериозно сфатени или пак не се разбира што значи синдикат и синдикално дејствување, велат од Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија- САДУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања