Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Синдикатот на културата го испрати Љутков со порака: „Ви благодариме, но за вашата изведба нема аплауз“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Македонија
media-library46n78dcmmu623BMT0V5

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) со остра реакција се осврна на заминувањето на министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, оценувајќи дека неговиот мандат ќе остане запаметен по, како што наведуваат, обидите за укинување и обезвреднување на правата на културните работници.

Од Синдикатот посочуваат дека, наместо подобрување на условите за работа, во изминатите две години се водела политика на демонтажа на права што со години биле изборувани преку протести и преговори.

„Најголемата иронија е што тоа го правеше човек кој до вчера тврдеше дека е еден од културните работници. Наместо да биде гласот на културните работници во Владата, стана гласот на Владата против културните работници“, наведуваат од СКРМ.

Во реакцијата се додава дека промената на министерската функција ја дочекуваат со чувство на олеснување, но без големи очекувања.

— реклама —

„Не затоа што очекуваме чуда од новиот министер, туку затоа што полошо од политика во која сопствените институции и вработени се третираат како противници – тешко можеше да биде“, велат од Синдикатот.

— реклама —

Оттаму нагласуваат дека културата не бара привилегии, туку почитување на законите, Колективниот договор и достоинството на културните работници.

На крајот, СКРМ порачува дека останува да се види дали промената ќе биде само ново министерско име или ќе значи и промена на политиките, бидејќи, како што наведуваат, културата повеќе не може да си дозволи изгубено време.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqpif6ucpngrcbXu6zW9

„Судот по нарачка, срамот по заслуга“ – реакција на Синдикатот на културата за зголемените плати на судиите

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryl0ipp35hhbg7ccf7YVw

„Колективниот договор не се чепка“ – најавен протест на културните работници на 16 април

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryden4ejr0ko1i1jMkdEK

Синдикатот на културата најавува протест по велигденските празници и генерален штрајк

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryg8juc06h8dfr7SZjS3T

СКРМ: Колективниот договор не се чепка – тоа е изборена правда

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања