Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Синдикатот на културата повикува на протест: „Сите пред Уставен суд!“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 40 минути -

Македонија
media-libraryra540ugtli8701x0s5O

Синдикатот на културата најави протестен собир за петок, 27 ноември, со почеток во 10 часот, пред Уставниот суд, поради постапувањето на Судот во врска со уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура.

— реклама —

Од Синдикатот велат дека од опстојувањето на Колективниот договор зависат стекнатите работнички права на илјадници вработени во културата, поради што повикуваат на масовно присуство на протестот.

— реклама —

„Културата има права! Правата не се укинуваат!“, порачуваат од Синдикатот, нагласувајќи дека станува збор за борба за правна и социјална сигурност, достоинство, еднаквост и почитување на трудот на сите културни работници.

Во објавата се наведува дека културните работници нема да дозволат нивниот труд да биде обезвреднет, а стекнатите работнички права да бидат доведени во прашање.

— реклама —

„Нашето присуство е порака дека зад овие права стојат луѓе, професионалци и институции кои нема да молчат кога се доведува во прашање нивната иднина“, порачуваат од Синдикатот.

— реклама —

Оттаму упатуваат повик до сите вработени во културата да се приклучат на протестниот собир пред Уставниот суд.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања