Синдикатот на Македонска пошта бара итна средба со Премиерот најдоцна до истекот на наредната недела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
posta

Стечајот на ЕУРОСТАНДАРД БАНКА, сериозно го наруши работењето на АД „Пошта на Северна Македонија“, која повеќе од 20 дена на дневна основа генерира големи финаниски загуби со оневозможувањето на вршење на услугата платен промет во повеќе од 330 филијали на цела територија на РСМ, имајќи ги во предвид и загубите од прекинувањето на услугите во меѓународниот сообраќај, како и  намалените приходи во внатрешниот сообраќај во изминатите 6 месеци предизвикани од пандемијата од коронавирусот, се вели во соопштението од Синдикатот на Македонска пошта.

— реклама —

Кај 2300 вработени во Македонска пошта влева страв за иднината на компанијата и загриженост за  редовна исплата на плати и зачувување на нивните работни места .

Неработењето на 330 филијали на Македонска пошта  и статус кво состојбата со неработењето на  платниот промет, претставува директна закана и загрозување на  егзистенцијата на 2300 вработени и нивните  семејства.

— реклама —

Воедно, со неработење на филијалите на Македонска пошта има големи последици и врз  граѓаните во сите населени места низ Македонија кои традиционално ги користат услугите на Македонска пошта, нивното незадоволство од ден на ден е се поизразено во спреченоста да ги извршуваат нивните граѓански обврски преку филјалите на Македонска пошта., особено последиците се огромни за категоријата на над сто илјади граѓани на кои им се вршеше услугата исплата на пензии и социјална помош преку Македонска пошта.

Македонска пошта има суштинско значење за нашето општество и претставува повеќе децениска традиција во поштенското работење  како главен сервис на граѓаните на цела територија на земјата.

И затоа, Владата како целосен сопственик на Македонска пошта со оглед на сериозноста на изнесените состојби,  има обврска Македонска пошта да ја постави како приоритет и најитно да донесе одлука за склучување на договор со друга банка за да може да ја врши услугата Платен промет, како и  да се заземе за стабилизација на компанијата со финансиска помош за  покривање на финансиските загуби кои од ден на ден се сѐ поголеми.

Синдикатот на Македонска пошта нема да дозволи никакви репресивни мерки врз вработените од направените финансиски загуби и во таа насока за заштита на работничките права и интереси ќе ги превземе сите законски средства за заштита на иднината на компанијата и нивните работни места .

Затоа, во име на вработените, Синдикатот на Македонска пошта со оглед на исклучително сериозноста на состојбите во која е доведена  Македонска пошта,  а кои можат многу брзо да преминат во голема финансиска криза и непосакувани ефекти и последици,   бара ИТНА средба со Премиерот на Владата на РСМ најдоцна до истекот на наредната недела, се со цел итно решавање на состојбите за повторно овозможување на услугата платен промет во 330 филијали на Македонска пошта, а со тоа  делумна стабилизација на компанијата и непречено функционирање во давање услуги како главен сервис на граѓаните на цела територија на земјата, се вели во соопштението од Синдикатот на Македонска пошта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања