Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Синиша Алексоски како сведок за „Монструм“ негираше дека го изгубил телефонот и дека му е дома заедно со службената сим-картица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Sinisa-Aleksovski

Советникот за национална безбедноста на експретседателот Ѓорге Иванов, Синиша Алексоски е вториот сведок во “Монструм”.  Алексоски на самиот почеток кажа дека не познава никој од обвинетите. Тој потенцираше дека со тогашната министерка на МВР, ескдиректорот на УБК, Сашо Мијалков и ексдиректорот на БЈБ, Љупчо Тодоровски, комуницирал само службено. Кажа дека пред да се случи настанот, не добил по писмена форма податок дека ќе се случи нешто на критичниот ден кога беа убиени петте лица кај Смилковско езеро. Но, усно бил известен за наводно присутна вооружена група во планини која ќе нападнел полициска станица.

— реклама —

“Секогаш пред верски празник, се следат стандардните оперативни процедури. Се собираат податоци за намери за терористички упади од екстремисти кои можат да извршат напади на верски објекти, каде има голема фреквенцина на луѓе. Во тие планови се опфаќа и движењето на претседателот. Стигаа известувања од полициски службеници, воени лица, овластени лица во УБК. Во еден од тие имав полициска дојава на податок, односно интерпретација на податок од страна на полицискиот службеник Зоран Трајковски, кој кажал дека има група која се движела по планините и може да изврши напад на полициска станица. Јас се видов со него и го прашав ‘Дали е изворен податок или интерпретација на податок’, како и ‘Дали напишал оперативна информација’. Ме извести дека со податокот ги известил припадниците на воената служба и припадниците на регионалното одделение на УБК во Куманово. Неговото барање беше доколку јас имам податоци, да ги споделиме и размениме, а јас му напомнав дека секоја година има дојава на полуинформации”, рече Алексовски. По настанот, сите се јавувале и сите се знаеле, рече Алексовски, кој напомена дека добивал пораки, меѓу другото и од Зоран Трајковски.

Алексовски рече дека имал официјлни средби со семејствата на убиените деца, а се среќавале и неофицијално во домот на службеник кој бил задолжен за безбедноста на семејството Иванови.

— реклама —

“Наќевски ме извести за средбата со лидерот на СДСМ, на која што тој упатил сериозни сомневања за инволвираност на високи полициски службеници во случајот со пасивно или активно однесување, инволвирајќи ме и мене, дека наводно некој мој телефон бил паднат кај езерото. Лидерот на СДСМ изнесува невистини и клевети. Тој посочи и дека има сомневања за потеклото на возилото “опел омега”, за кое што лидерот на СДСМ посочил, цитирајќи одредби во пресудата, можно е да биде сопственост на МВР, а користено од единицата Алфи”, образложи Алексовски. Тој негираше дека го изгубил телефонот и кажа дека му е дома заедно со службената сим-картица која тогаш ја користел.

За убиството кај Смилковско езеро дознал од телохранителот на Маја Иванова.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања