Синот на поранешниот американски претседател Џо Бајден, Хантер Бајден, изјави дека би прифатил борба во кафез против Доналд Трамп Помладиот и Ерик Трамп, откако добил предлог за организирање на ваков настан.
Како што пренесуваат американските медиуми, идејата му била предложена од режисерот и креатор на содржини Ендру Калахан, кој го контактирал Бајден со предлог за организирање меч во кафез меѓу него и браќата Трамп. Бајден ја споделил понудата на социјалните мрежи, но не е јасно дали неговата изјава била сериозна или шеговита.
Калахан за медиумите изјавил дека верува оти станува збор за шега, но додал дека би бил подготвен да помогне во организацијата доколку Трамп Јуниор и Ерик Трамп го прифатат предизвикот. Засега, тие не се огласиле по ова прашање.
Коментарите биле дел од видео со кое се најавува учеството на Бајден на настаните „C5 Carnival“, што ќе се одржат кон крајот на април во Феникс, Сан Диего и Албукерки.
Инаку, медиумите потсетуваат дека првата дама на САД Меланија Трамп во 2025 година се заканила со тужба против Хантер Бајден поради негови изјави во интервју, кои нејзиниот правен тим ги оценил како неточни и клеветнички.