Денеска во Скопје околу 16.40 часот е пријавено е дека на кружниот тек во населбата Ѓорче Петров кај црквата Св. Петар и Павле, лице од возило „голф“, пукало кон возило „мерцедес“, во кое бил полицискиот службеник З.Р.
Според првичните информации, З.Р. се здобил со повреди во ногата и се упатил во ГОБ „8 Септември” за укажување помош.
Слободен печат неофицијално дознава дека се работи за Зеглул Реџепи, синот на поранешниот поглавар на ИВЗ.
извор: Слободен печат
фото: PRTSC Слободен печат