Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Синот на Талат Џафери полагал правосуден испит пред да стекне соодветно образование, институциите молчат и се прават ненадлежни, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
talat-dzaferi33

Скандалот со полагањето на правосудниот испит од срана на синот на Талат Џафери покажува дека институциите не реагираат соодветно за очигледна неправилност која излегла на виделина. ДКСК се прави ненадлежна, молчат од министерството за правда, молчат од Академијата за судии и обвинители, молчи Талат Џафери, молчи владата, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Сите се прават недоветни и ја убедуваат јавноста дека може да се изгради кров на куќа без да се стават темели. Токму тоа се случило со Барлет Џафери, синот на Талат од Форино, кој полагал правосуден испит пред да го заврши мастер студирањето, односно пред да стекне законско право за тоа.

— реклама —
— реклама —

Да биде срамот поголем откако се откри овој скандал надлежните се оградуваат и ја префрлаат одговорноста на друг. Де ја нема документацијата, де не се надлежни, де застарено е, де ова де она. А синот на Џафери веќе е пред завршување на Академијата за судии и обвинители. Од кого се плашат институциите да зборуваат и да го отворат овој случај. Дали постои политички притисок ова да се забошоти? Дали постоел политички притисок со кршење на закон да се полага правосуден испит? Ова мора да се испита и да се санкционира секој оној кој ги прекршил законите. Ниту било каков автократ од Форино, ниту било каков коалициски владин интерес не смее да застане на патот на правадта.

— реклама —

Ова е многу сериозна работа. Зарем со кршење на норми може да се стане човек од правосудството? Ова е апсурдот на оваа власт. Полна им е устата со правна држава, а всушност молчат и одобруваат кршење на законот“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања