Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Синот на Талат Џафери преку ред без завршен факултет положил правосуден и експресно станува обвинител, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
dzaferi-1

И покрај тоа што ДКСК утврди дека Барлет Џафери, синот на Талат Џафери незаконски полагал правосуден испит пред да биде дипломиран, станува јавен обвинител, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Во државата не важат законите подеднакво за сите. Барлет Џафери не само што не смее да стане јавен обвинител, туку согласно македонските прописи, веднаш трева да му биде одземено уверението за положен правосуден испит и кривично да одговараат и тој и сите инволвирани во случајот.

— реклама —

Еден правник мора да дипломира, да заврши мастер студии, потоа да стажира една години кај адвокат или две години во државна управа, па тек потоа да се пријави за полагање на правосуден испит доколку ги исполнува сите пропишани услови.

— реклама —

Згора на тоа, се поставува прашањето дали Барлет Џафери воопшто полагал правосуден испит или бидејќи е син на Талат Џафери така го добил уверението за положен правосуден испит.

Додека татко е прв законодавец, синот е избран за јавен обвинител.

— реклама —

Ги повикуваме сите надлежни институции соодветно да реагираат, ова е преседан од невиден размер. Не смее Барлет Џафери да стане јавен обвинител само затоа што татко му Талат Џафери е прв човек на собранието.

— реклама —

Ова е само една од многуте причини поради која граѓаните немаат доверба во судството и правосудните органи.

Време е за промена на власта. Потребни се избори и ставање крај на искористување на функциите од власта за лични интереси“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања