Припадниците на специјалните единици на Косово, РОСУ рамо изутринава уапсиле четири лица, а се слушнало и пукање и сирени. Портпаролот на косовската полиција, Даут Хоџај изјави за РТС дека по налог на надлежниот суд единиците на косовската полиција извршиле рација на четири локации и привеле четворица во рамките на истрагата за убиството на Ивановиќ.
Уапсен е Драгиша Марковиќ, припадник на Косовската полициска служба (КПС) кој работел на случајот на убиството на Ивановиќ, Саша Чуркиќ, Марко Рашиќ и Недељко Спасојевиќ, исто припадник на КПС. Според РТС, тие се одведени во полициска станица во Јужна Мировица.
Претседателот на Српската листа Игор Сомиќ изјави дека не знае каде се однесени уапсените, а сопругата на уапсениот Марковиќ рекла дека го тепале со раце, нозе и со кундак.
Според пишувањето на порталот Коссев, во Косовска Митровица од изутринава во 6 часот се до 7 часот се случале сирени за воздушна опасност, што ги вознемирило граѓаните. Во истиот период се слушнале и истрели.
Ивановиќ беше убиен на 16 јануари годинава, пред седиштето на политичката партија „Слобода, демократија, правда“, на чиешто чело беше тој. Извршителите на убиството сè уште не се фатени од страна на полицијата.