Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Сите домашни производствени капацитети на електрична енергија се целосно ангажирани за да не зависиме од увозот на скапа струја, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Dalekovod_Pari

Владата предводена од СДСМ на дело ја спроведува енергетската транзиција, се зголемува производството на електрична енергија од еколошки и обновливи извори, а успешно се менаџира и енергетската криза, вели СДСМ

„Сите домашни производствени капацитети на електрична енергија се целосно ангажирани за нашата држава да не зависи од увозот на скапа струја.

— реклама —

АД ЕСМ постави фотонапонската електрана во РЕК Осломеј со моќност од 10 мегавати. На местото на некогашниот загадувач РЕК Осломеј преку неколку други инвестиции ќе се постават фотонапонски електрани со вкупна моќност од 120 мегавати.

Потпишани се и договори за реализација на стратешки инвестиции во енергетиката, како што е најголемата гринфилд инвестиција на германската компанија ВПД, но и соларниот парк Стипион во Штип.

— реклама —

Со одлуката за инвестирање во проектот во гасната централа Александропули, обезбедуваме трајно, стабилно и непречено снабдување со природен гас.

— реклама —

Освен реализација на капитални инвестиции, Владата предводена од СДСМ успешно ја менаџира и енергетската криза која ја зафати цела Европа.

Преку субвценионирање на цената на електричната енергија и со намалувањето на ДДВ за електрична енергија просечно домаќинство сега заштедува близу 2.200 денари месечно за струја.

— реклама —

Не дозволивме енормен раст на цените на горивата, со намалувањето на акцизите и ДДВ-то денес имаме најниска цена на нафтени деривати во регионот и Европа.

СДСМ продолжува да се грижи за граѓаните и економијата, продолжува да инвестира во обновливи извори не енергија кои ќе придонесат за целосна енергетска независност“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања