Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Сите јавни претпријатија да се вклучат во чистење на ѓубрето во Скопје, порача Јанчева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје

Со денови Скопје се дави во ѓубре. Локалната власт на ДПМНЕ во Скопје создаде невиден хаос, вели Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје

— реклама —

„Неспособноста на ДПМНЕ и нивните градоначалници го претворија Скопје во една огромна депонија. Хаосот со ѓубрето претставува и здравствен ризик, поради можноста од појава на зарази.

— реклама —

Скопјани ова не го заслужуваат.

— реклама —

За проблемот со ѓубрето советничката група на СДСМ иницира одржување вонредна седница на Советот на Град Скопје.

Во рамките на своите надлежности и во името на граѓаните Советот има обврска да дискутира за актуелната состојба во ЈП "Комунална хигиена", а СДСМ ќе предложи и мерки и активности за итно дејствување на градот.

Една од мерките, една од решенијата што ќе ги предложи СДСМ заедно со коалициските партнери за решавање на проблемот со ѓубрето е вклучување на сите јавни претпријатија.

Со сиот свој човечки потенцијал, а потоа и со онаа механизација со која располагаат јавните претпријатија да се вклучат во чистењето за што поскоро целосно да се расчисти ѓубрето во Скопје и состојбата да се врати во нормала.

Оваа мерка ќе овозможи ЈП "Комунална хигиена" брзо да се врати во секојдневниот работен тек, а ќе превенира и во иднина да не се случува повторно ваков хаос.

Очекуваме поддршка од сите советнички групи, вклучително и од мнозинството во Советот од ДПМНЕ.

Особено што токму ДПМНЕ со своите кадри, со своите градоначалници во Скопје и со својата градоначалничката којашто победи со нивна поддршка го создадоа проблемот.

Наместо модерно Скопје како што Мицкоски и ДПМНЕ ветуваа пред скопјани кога бараа гласови од нив, создадоа загаден град и нефункционални јавни претпријатија.

Советот има механизми што треба да ги искористи во интерес на граѓаните и во интерес на Скопје, и во оваа насока очекуваме одговорност од сите советници“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања