Сите кандидати за пратеници на владејачката партија во втората изборна единица во самоизолација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

По обелоденувањето на веста дека потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири е позитивен на Ковид 19, сите кандидати за пратеници на владејачката партија во втората изборна единица заминаа во домашна изолација, објави fokus.mk. 

— реклама —

Како што велат дел нив од Фокус, после вчерашниот настан во Куманово на кој присуствуваа сите 20 кандидати за пратеници, меѓу кои и Зекири, заминале во домашна изолација по спроведена епидемиолошка анкета или по сопствена иницијатива.

Инаку, носител на оваа пратеничка листа е техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој веќе се тестираше и резултатот е негативен, меѓутоа најави дека во следниот период од дома ќе управува со владата се додека не добие препораки од епидемиолозите. Втората на листата Сања Лукаревска, директорка на УЈП, испадна позитивна на тестирањето за КОВИД 19.

— реклама —

Текстот во целост на: fokus.mk. 

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања