Комисијата за заразни болести предлага сертификатот за прележан ковид-19 наместо 45 да трае 180 дена. Портпаролот на Комисијата Злате Мехмедовиќ, кажа дека сè уште не се размислува за укинување на сертификатите за влез во затворен простор, бидејќи тоа во моментов не го дозволува епидемиолошката состојба.
„Ако ги укинеме сертификатите за затворен простор ќе направиме голема трансмисија на вирусот. Во земјите каде сертификатите се укинати, како Данска и Велика Британија, вкупниот имунитет од вакцинација е многу поголем. Во Данска е вакцинирано 85 отсто од населението, во Велика Британија 80 проценти, а кај нас двојно помалку околу 40 отсто. Не може да ги гледаме работите индивидуално, мора да видиме каква е епидемиолошката состојба кај нас и да носиме одлука“, рече Мехмедовиќ.