Сите пратеници сложни: Намалувањето на патните трошоци по предлог на Левица не се најде на дневен ред

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-09-15-at-10.29.37

Од 108 пратеници, само 19 биле „за“, 31 биле „против“, а 1 бил „воздржан“ за да на дневен ред се стави законот со кој ќе се намалат патните трошоци на пратениците. Ова е предлог на пратениците од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов. Измените на законот се поднесени крајот на април месец, но до сега, не се најдоа на седница, а пратениците земаат патни трошоци по стариот тарифник.

— реклама —

„Ова се резултатите од вчерашното гласање во парламентот по повод барањето на Левица да се стави на дневен ред законот за намалување на патните трошоци на пратениците“, напиша Апасиев објавувајќи фотографија од гласањето.

Со законот, се предлага четирикратно намалување на досегашните патни трошоци (од 20% на 5% од продажната цена на литар гориво за изминат километар) – што, практично, значи дека патните трошоци се сведуваат реалната цена на чинење на патен билет во меѓуградски превоз.

— реклама —

„Овој предлог-закон е плод на широка компаративно-правна анализа на регулативите на земјите од ЕУ и Западен Балкан која, во изминативе неколку месеци, ја спроведе нашиот правен тим, а од која само ни се потврди ноторниот факт дека Република Македонија, за еден мандатен период на Собранието, е рекордер во Југоисточна Европа по потрошените јавни пари за патни трошоци на парламентарците“, известија во април од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања