Промени тема
Контакт

Сите сили на терен за Китка: ЦУК со три авиони и противпожарни екипи го гасне пожарот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
media-library1f1dqjaflsfh3zBpRIu

Интензивната интервенција за ставање под контрола на пожарите во селата од областа Каршијак продолжува и денеска, при што на терен се ангажирани сите расположливи државни ресурси.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со надлежните служби и екипи е на терен, каде ја следи и координира состојбата.

— реклама —

Главен приоритет е заштитата на планината Китка и спречувањето на натамошното ширење на огнената линија кон населените места.

Во гаснењето се вклучени три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и тимови на „Национални шуми“.

— реклама —

Од ЦУК информираат дека во моментов нема опасност за селото Палиград, ниту за останатите населени места во областа Каршијак.

— реклама —

Состојбата ќе се следи непрекинато, а интервенциите ќе продолжат со засилено темпо сè до целосно стабилизирање на ситуацијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања