Младиот Слободан Попоски кој веќе 10 години се бори со остеодарком со третмани на онкохипертермија и хемотерапија, го чека операција која што може да му го спаси животот, а која што чини 50.000 евра. Таа операција не би можела да се случи доколку го оставиме Цобе сам, кој што нема доволно финансиски средства потребни за операцијата. Минатата недела тој побара помош од добронамерните и хумани луѓе на страницата gofundme.com, со молба да донираат за тој да може да го продолжи својот живот и да ужива како сопруг и татко на 5 годишната ќерка.
Апелот на Цобе го слушнаа многу луѓе, кои што несебично донираа, а финансиските средства растат од ден на ден. Податоците за донирање остануваат исти, со тоа што сега можат да донираат и корисниците на Телеком преку своите телефони.