Сите тешки пожари со помош на дождот се доизгаснати.
„Активни се неколку помали пожари со кои ќе се справиме во текот на утрешниот ден“, велат од ЦУК.
На 18.08.2024 година, хеликоптерот Ми-171 од хеликоптерската единица за посебни намени при МВР од Одделот за воздухопловни единици, дејствуваше во гасење на пожар, Доленци-Демир Хисар и Неокази-Пробиштип. Во 17 налети исфрлени се 43 тони вода.