Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Сите украдени пари од ВМРО ДПМНЕ да се вратат кај граѓаните, не само од Талир 2, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ да престане да го брани криминалот на своите функционери и да ги врати украдените пари, не само од случајот Талир 2, туку и сите други пари одземени од граѓаните, вели СДСМ

— реклама —

„Судската пресуда за случајот Талир 2, која докажа дека ВМРО-ДПМНЕ незаконски го стеканала големиот имот, вреден милиони евра, е уште една потврда за криминалот од епски размери, што ВМРО-ДПМНЕ со години го правела на грбот на граѓаните.

— реклама —

Граѓаните за време на 11-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ тонеа во сиромаштија, а за тоа време, тогаш владеачката партија незаконски ја изградила луксузната Бела палата и купувала имоти во триесетина населени места низ целата држава.

— реклама —

Криминалот, корупцијата, безобразното прекршување на законите од страна на ВМРО-ДПМНЕ, покрај Талир-2 ги докажаа и случаите Тврдина – Таргет, Плацови на Водно, а во постапка се и неколку други предмети.

— реклама —

Сите украдени пари од ВМРО-ДПМНЕ треба се вратат граѓаните“, вели СДСМ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања