Десетици фирми се дел од истрагата за случајот „Империја“, во која главни осомничени се Јордан Камчев и Сашо Мијалков. Дел од фирмите се во Македонија, а другите се офшор компании од Панама, Америка, Холандски Антили, Сејшели, Девствени острови, Велика Британија. Преку нив биле префрлани пари во македонските компании најчесто низ банки од Кипар, кои биле користени како основачки влогови, или со нив се купувале имоти, акции. Обезбедени се многу документи, докази за трансфери на пари, а има и сведоци кои проговориле како осомничените ја граделе империјата. Дел од нив се плашат да зборуваат јавно, па најверојатно ќе добијат статус на загрозени сведоци, објави irl.mk.
Според порталот докази се обезбедени од прислушуваните разговори, од посебни истражни мерки, од претресите во фирмите и домовите на осомничените и преку меѓународна правна помош од властите каде се формирани офшор фирмите.
Од СЈО брифираат дека од јуни до октомври лани под посебни истражни мерки биле Јордан Камчев и други осомничени, но Сашо Мијалков не бил слушан и следен. Интересно е дека како „таргет“ за овој случај од „бомбите“ кои ги има СЈО биле сопругата на Камчев, Ана Камчева, потоа братот на Сашо Мијалков, Влатко Мијалков, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и новинарката Оливера Трајковска. Преку нивните разговори со осомничените биле добиени многу траги во кој правец да се движи истрагата.
Досегашната истрага открива дека Јордан Камчев е кралот на офшорите, а заедно со неговиот некогашен пријател Сашо Мијалков кој користејќи ја моќната функција преку македонски фирми испрале милиони евра. СЈО обезбедило докази како се испрани 2,3 милиони евра преку „Ексико“ и „Финзи“. А, се уште се утврдува како се переле парите кои влегувале и излегувале од Македонија преку фирми од Израел, Швајцарија, Америка, Бахами, Кипар. Вкупната досега детектирана сума е 10,3 милиони евра.
Со лажен стечај Јордан Камчев почнува да ја гради империјата...
Порталот irl.mk обработува теми ...
Камчев мозокот, Мијалков моќникот...
Иста адреса во Америка на две офшор фирми...
Груевски или Камчев – чии се парите со кои беа купени атрактивни плацеви на Водно...
Со политичките потреси во земјава и смената на власта, почнува и распадот на пријателството на Мијалков и Камчев. Кавгите почнуваат во октомври 2017, а делбата на бизнисот официјално завршува во јуни 2018 година.
Случајно или не во тој период почнуваат и посебните истражни мерки, а со нив не е опфатен Мијалков. Тој дури помага со неговото влијание во ВМРО-ДПМНЕ да придобие дел од пратениците да гласаат за договорот од Преспа.
Камчев и Мијалков беа уапсени лани во ноември откако Никола Груевски избега од земјава, а по помалку од два месеца беа пуштени во домашен притвор.
Од СЈО информираат дека се истражува и како од градежната фирма „Бетон Штип“ Јордан осомничените извлекле 4 милиони евра. Истрагата е насочена и кон „ЗИК Пелагонија“, МПМ (Јордан Камчев, Јана Станисављева и Срџан Керим), Графички центар и кон фирмата „Бест веј инвестмент“.