Скандал: ДИК обвинет за бришење на имиња од листи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
drzavna-izborna-komisija-izbori

Државната изборна комисија на гласачкото ливче место „Група избирачи ‘Шанса за Центар’ Јана Белчева – Андреевска, ставила „Група избирачи Јана Белчева-Андреевска“, пишува СДК.

— реклама —

На денешната прес – конференција претставниците на Независните граѓански листи од Шанса за Центар, Зелените од Гази Баба, Подобро за Тетово, Независни за Карпош – за заштита на Карпош, Стига е – фронт против рудникот и загадувачите на животната средина за Општина Струмица, Босилово и Ново Село, обвинија дека ДИК придонесува кон нерамноправната изборна трка на штета на независните граѓански листи.

— реклама —

Тие поднеле и претставка до Народниот правобранител, обвинувајќи дека ДИК отворено застанала на страната на најсилните, а не на најдобрите, за намерно да создаде забуна кај гласачите.

— реклама —

„Ние, претставници на независните граѓански листи кои учествуваат на овие избори сакаме да и укажеме на јавноста дека Државната изборна комисија (ДИК) е далеку од нивото на задачата да организира фер и демократски избори. Со своето досегашно постапување ДИК придонесува кон нерамноправната изборна трка на штета на независните граѓански листи и голем број граѓани кои се препознаваат во нас. И покрај нашите укажувања, за разлика од политичките партии, називите на нашите листи тенденциозно се тргнати од гласачките ливчиња, што е намерно создавање забуна кај гласачите. Исто така, на независните листи им е скратено правото за увид во избирачкиот список, што е многу важно за планирање на кампањата“, тврдат независните граѓански листи, обвинувајќи ја ДИК за пристрасност.

Целиот текст на СДК.мк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања