Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Скандал: Судијката која и го одзеде синот на Северина добивала прескапи подароци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Магазин
662287

Судијката Теа Голуб, која пресуди синот на Северина Вучковиќ да живее со неговиот татко, Милан Поповиќ, деновиве во центарот на скандал.  Се откри дека била на луксузен одмор во истиот хотел во кој бил српскиот бизнисмен, објавија хрватски месиуми.

— реклама —

Откако почнало да се поставува прашањето  од каде ѝ се парите за седумдневно зимување кое чини колку две нејзини плати, таа ја дала на увид својата имотна карта.

Со плата во Општинскиот граѓански суд во Загреб од околу 1.700 евра, таа поседува импозантен имот. Меѓутоа тоа не го стекнала, туку го добила како подарок, тврди таа.

— реклама —

Во имотната карта на Теа Голуб стои дека поседува стан од 103 квадратни метри во Загреб, вреден 200.000 евра и гаража од 19 квадратни метри, вредна речиси 23.000. За двете недвижнини таа изјавила дека ги добила како подарок. За подарок добила часовник од 4.000 евра и друг накит од 5.500 евра. Во две банки, напишала таа, има вкупна заштеда од 98.000 евра. И тоа го навела како подарок.

Многу поголем имот поседува сопругот на Теа Голуб, но не го навела  ниту неговото име ниту неговиот бизнис. Тој поседувал колекција часовници од 20.000 евра, кои тој самиот ги купил, како и виолина од 6.700 евра што ја добил. Тој исто така поседува акции во три трговски и инвестициски фондови.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања