Промени тема
Контакт

Скандал во косовскиот парламент, заседава без кворум и без опозиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
kosovo-parlament-2-35wp6vjnb3t34lhe2fy41s

Состојбата во Парламентот на привремените институции на Косово не се смирува. Само пратениците од движењето Самоопределување се во салата и држат седница која е свикана на нивно барање со цел да се формираат парламентарни одбори и да се разгледа буџетот за 2026 година, како и буџетите за општините Приштина, Гњилане и Зубин Поток.

Претседателот на парламентот, Дималj Баsа, и покрај немањето кворум повика на формирање парламентарни комисии задолжени за ратификација на меѓународни договори и за исплата на платите на вработените во јавниот сервис РТК.

— реклама —

Препарим Груда, единствениот присутен од Демократската партија на Косово изјави дека седницата е неуставна, дека нема кворум и дека прво требало да се формира Влада па дури потоа да се расправа за комисии.

— реклама —

Косовски институт за правда оцени дека вонредната седница на Собранието го загрозува уставниот и правниот поредок.

Закажана е за денеска и нова седница на која треба да се разгледа изборот на новата влада на кандидатот Гљаук Коњуфца од Самоопределување. Рокот за ова истекува денес.

— реклама —

На оваа седница присуство најавија сите партии, но најголемиот дел од нив веќе кажаа дека нема да гласаат за предложената влада и дека се залагаат за нови вонредни парламентарни избори.

— реклама —

Српска листа поднесе жалба за конституирањето на новиот парламентарен состав, бидејќи нивниот кандидат не бил избран за потпретседател. На 26 октомври, кандидатот на Самоопределување, Албин Курти, не доби мнозинство за состав на влада.

Според уставот на привремените институции, ако владата не биде избрана и во вториот обид, с

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypmqmhuflbhjj4Q7T0wr

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени злосторства против Тачи

Балкан | пред 1 седмица

— реклама —
kosovo-1

Девет лица уапсени во Косово под сомнение за воени злосторства

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryrak8j5k24jdi5YsFe9Q

Во Косово уапсен првоосомничениот за убиството во Дуќанџик

Балкан | пред 1 седмица

kosovo-sobranie

Приштина пред нови избори? Рокот за избор на претседател истекува на 6 октомври

Балкан | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања