Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

(Скандалозно) Пендиков удри по Македонија: Нормално е да се пцујат Бугари, таму се учи лажна историја, ѝ се закануваат на мајка ми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot-2023-02-14-at-19.11.06

Христијан Пендиков во прво интервју за бугарската телевизија БТВ раскажа за нападот во Охрид. Toj тешко зборуваше по операцијата.

— реклама —

Vели дека и по речиси еден месец, заканите продолжиле. Според Пендиков, има информации дека тој може да биде нападнат во Бугарија. Рече дека ѝ се заканувале на неговата мајка и на неговите роднини.

— реклама —

Во интервјуто Пендиков раскажа и како тој самиот не ги поднесувал Бугарите кога бил помлад и како пред неколку години се разбудил и станал македонски Бугарин.

— реклама —

„ Бев во ресторан со моите пријателки. Дојдоа двајца-тројца и почнаа да ме напаѓаат дека сум Бугарин. Само со зборови. Зошто се нареков Бугарин, дека сум предавник? И такви работи“, се сеќава тој.

„ Потоа излегов од ресторанот, да му се јавам на Томе, да му кажам што се случило. Претседателот на клубот, а потоа Илја излезе и ми го зеде телефонот. Ми рече - „Влези внатре и биди смирен за да нема проблеми“. Влегов внатре и видов дека не ме сакаат во ресторанот. Ја земав јакната и излегов надвор. Одев сам до паркингот да си ја земам колата и да си одам дома. И таму се се случи“, рече Пендиков.

Според него, тепачката траела најмалку 10 минути и додаде дека имало тројца напаѓачи.

„ За жал, во Северна Македонија е нормално да те тепаат, пцујат, пукаат затоа што си Бугарин. Полицијата не треба ништо да прави“, вели секретарот на бугарскиот клуб во Охрид.

„За да бидеш македонски Бугарин, само треба да се реализираш. Во Македонија учиме изменета, лажна историја во која Бугарите се фашисти, Татари. Откако ја прочитав светската историја, откако прочитав за ВМРО и што е историја, сфатив“, коментира тој.

Вели дека претходно не сакал ниту една од соседните земји:

„ Не научија таква приказна дека само Србите ни се браќа и сите други сакаа нешто лошо да и се случи на Македонија.

Веќе неколку дена Пендиков има деноноќна полициска заштита. Добива слики од оружје и закани дека луѓето ќе дојдат во Бугарија.

„Мајка ми постојано добива закани. И пишуваат коментари дека ќе ја убијат, дека сме предавници, дека треба да се иселиме од Македонија, дека не сме за таму. Сонувам дека еден ден ќе можеме да се вратиме во Македонија, да можам безбедно да кажам дека сум Бугарин и дека никој ништо нема да ми направи - не само мене. На сите нас кои живееме во Македонија и сме македонски Бугари“, нагласува Пендиков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања