Промени тема
Контакт

Скапите цени се резултат на лош менаџмент од страна на власта, вели опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
maslo-3

Владата дозволи зејтинот да поскапи за 50 денари, народот се соочува со криза, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Зејтин од ист производител за период од неколку недели од 85 денари се покачи на 134 денари продажна цена во маркетите.

Покачувањето на цените на зејтинот е резултат на лошите политики на власта пред се. Доколку на време се обезбедеше суровина за домашните компании, се договореше увоз и квоти, како и да се фиксираа цените, но и да се наполнеа државните резерви, зејтинот ќе беше на цена како пред кризата.

— реклама —

Скапите цени се резултат на лош менаџмент од страна на власта.

— реклама —

Неспособноста на власта сега донесе поскап зејтин за 60%, поскапо брашно за 40%, поскап леб за 110%, поскапи горива за 70%.

И додека цените секој ден се сè повисоки, платите не се зголемија ниту еднаш.

— реклама —

Владата да се посвети на решавање на кризата и на реални мерки кои ќе донесат подобар стандард.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања