Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Скапото гориво носи нов проблем во Германија: сè повеќе кражби на бензинските пумпи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library37kdmf2j0l4ieKAof6T

Високите цени на горивото во Германија доведоа до зголемување на кражбите на бензинските пумпи, поради што дел од сопствениците почнаа да ги затвораат објектите во текот на ноќта.

— реклама —

Информацијата ја објави германското здружение на оператори на бензински пумпи, од каде што велат дека гориво крадат и помлади и повозрасни граѓани.

„Психолошката граница за кражба очигледно падна откако цените се приближија до 2,40 евра за литар. Некои едноставно си заминуваат од пумпата без да платат“, изјавил портпаролот на здружението Херберт Рабл.

— реклама —

Кражбите продолжуваат и покрај големиот ризик од откривање, бидејќи речиси сите бензински пумпи во Германија се под видеонадзор.

— реклама —

Според германските медиуми, поискусните крадци користат украдени регистарски таблички или ги прекриваат постојните за да го отежнат нивното идентификување.

Во септември цените на дизелот и поевтиниот бензин Е10, кој содржи до 10 отсто биоетанол, во Германија достигнале историски рекордни нивоа.

— реклама —

Растот на цените на горивото во Германија, како и во други делови од Европа, според информациите, е поврзан со влошувањето на состојбата во теснецот Баб ел Мандеб.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library18i26ga29ta675rNxAu

Германија ги исфрла кинеските дронови од употреба во својата војска

Свет | пред 20 часа

— реклама —
media-library28mg73apibvg37GaVOa

(Видео) Инцидент пред германскиот парламент: Палестинско знаме го замени германското

Свет | пред 3 дена

media-libraryo9cpaulc96oieTa7GdC

Германија ги заостри казните за употреба на дрога за силување – најмалку пет години затвор

Свет | пред 5 дена

media-librarytkbi4kllf9kceO7EJTP

„Бош“ ќе укине уште 750 работни места во Германија до 2029 година

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања