Скопјанец ги грабнал синот и поранашната сопруга, соопшти полицијата. Настанот се случил вчера попладне, а пријавил таткото на грабнатата. Според изјавата М.С.(34) вчера дошол на договорена средба и ги зел неговиот малолетен син и поранешната сопруга З.А.(28). По извесно време З.А. се јавила дома и му кажала на татка си дека поранешниот сопруг не ги пушта да се вратат дома. Од страна на полициски службеници преземени се мерки и по разговор со М.С. и З.А., З.А. си заминала дома.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.