На 12.02.2023 во 21.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.С.(25) и тројца малолетници, сите од Скопје.
Тие се сомничат дека околу 19.00 часот на ул.„Герника“, по претходно недоразбирање, физички ги нападнале Д.П., Ж.С. и Д.С., при што употребиле и метални предмети.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.