Скопјанец истепа припадник на ЛГБТ заедницата, обвинетиот го призна насилството, изречена условна казна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
244507018_832514724085702_8044022012564587281_n

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на признание на вина против 30-годишен скопјанец за кривично дело – Насилство во квалификаторен облик сторено од омраза, казниво според член 386 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Сега осудениот Ф.Г. ја призна вината онака како што беше наведено во поднесеното обвинение, односно се изјасни дека делото го сторил од омраза кон оштетениот заради неговата сексуална ориентација и припадност кон ЛГБТ заедницата. Грубото насилство го извршил на 31.08.2022 година, на плоштадот „Скендер-бег“ во Скопје за време на јавен собир на граѓани за солидарност и поддршка во врска со насилство врз 11-годишно девојче од Косово. Додека чекале собирот да почне, Ф.Г. му се приближил на оштетениот, почнал да го навредува, а потоа и физички го нападнал, удирајќи го со клоци и тупаници по главата и телото и нанесувајќи му телесни повреди. Со насилството предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв и кај други лица присутни на местото.

— реклама —

Основниот кривичен суд Скопје го огласи Ф.Г. за виновен и му изрече условна осуда – казна затвор во траење од една година, која нема да се изврши доколку не стори ново кривично дело три години по правосилноста на пресудата. Исто така, определена му е и алтернативна мерка – заштитен надзор во период од две години по правосилноста на пресудата за која е определено да ја врши надлежната пробациска канцеларија на подрачјето на Основниот кривичен суд Скопје и за надзорот да го известува судот. Доколку осудениот во наведениот период не ја исполнува обврската за користење на слободното време според оцена на надлежниот орган согласно закон, судот ќе ја отповика условната осуда, соопшти Обвинителството.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања