Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Скопјанец извршил „компјутерска измама“ разговори во странство тарифирал како локални

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
mobilen-telefon

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при БЈБ поднесе кривична пријава против А.С.(47), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерска измама“. А.С., во својство на управител на фирма од Скопје, потпишал договор со фирма за телекомуникации од Скопје за користење на услуги. Со користење на опремата и софтверот на фирмата за телекомуникации, за која не бил овластен, ниту регистриран за давање на услуги во областа на електронските комуникации, во период од јули до ноември 2019, навлегувал во телекомуникацискиот систем на два телефонски оператора од Р.С. Македонија и ги менувал податоците за започнатите меѓународни повици. А.С. наместо нив креирал нов компјутерски податок, прикажувајќи како да се остварува повик од национален телефонски број од Р.С. Македонија, а така изменетите компјутерски податоци како локални – национални повици, се регистрирале во компјутерскиот систем на оштетените телефонски оператори, со што ги оневозможил да наплатат надомест за терминација на дојдовен меѓународен сообраќај со странски оператор.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања