Скопјанец ја давел жена му на паркинг во близина на Кривичен суд, и се заканувал, малетретирал - заврши во притвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
271983257_612480343152370_3947902373758832082_n

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено дека при вршење семејно насилство, сторило кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од КЗ, кривично дело – Присилба од член 139 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело – Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничениот, на 26 мај, веднаш по судската расправа и објава на пресуда против него за семејно насилство во Основниот кривичен суд Скопје, физички повторно ја нападнал неговата поранешна вонбрачна сопруга. И покрај тоа што со претходно правосилно судско решение му биле изречени мерки за забрана за приближување на оштетената, тој ја пресретнал на паркинг простор во близина на Судот, започнал да ја влече за рацете, ја фатил за вратот и започнал да ја дави, нанесувајќи и видливи повреди. Потоа ја навредувал и и се заканил дека со себе носи нож, со што ја присилил да влезе во нејзиниот автомобил.

— реклама —

Оштетената, исплашена и испаничена во тој момент, влегла во автомобилот, а осомничениот веднаш по неа влегол и седнал на задните седишта. Тој и наредил да го стартува автомобилот и да вози кон неговото живеалиште, заканувајќи и се дека таму ќе ја силува. И ги зел нејзините мобилни телефони и нејзината чанта, за оштетената да не повика полиција, па ја влечел за косата, упатувајќи и закани по животот.

— реклама —

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот, бидејќи постојат околности што укажуваат на можност за бегство, како и опасност тој да го повтори кривичното дело или да го изврши кривичното дело со кое се заканува. Судијата го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот му определи притвор.​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања