Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Скопјанец ја малтретирал сопругата пред ќерката: ја нападнал, па ја гризел и ја влечел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-39-6680PM

— реклама —

— реклама —

Скопското Обвинителство поведе постапка против едно лице поради насилство кон сопругата.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

Осомничениот 25-годишник, на 3 октомври, алкохолизиран дошол пред влез на зграда на улицата Пушкинова во Кисела Вода, и најпрвин со висок тон се обратил кон оштетената со која се во бракоразводна постапка.

Пред нивната заедничка двегодишна ќерка грубо ја навредувал жената, а потоа и физички ја нападнал, ја влечел за косата, ја изгребал, ја гризнал и ја зграбил за вратот. На оштетената ѝ нанел видливи повреди и продолжил да ѝ се заканува одземајќи ѝ го телефонот. Жртвата успеала да се оттргне и да избега од местото засолнувајќи се во зградата отспротива додека случајна минувачка не повикала полиција, велат од Обвинителството.

Исто така, осомничениот, со судска одлука од Основен граѓански суд Скопје, имал изречена привремена мерка за заштита од семејно насилство кон неговата сопруга – забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство врз оштетената, забрана да ја малтретира, телефонира, вознемирува, контактира или на друг начин директно или индиректно да комуницира со оштетената, забрана да ѝ се приближи на растојание помало од 100 метри од нејзиното живеалиште, работното место или определено место што го посетува жртвата. Иако и претходно од надлежните институции му било укажано на ваквите забрани, тој не ги почитувал и ги прекршувал за што оштетената во неколку наврати пријавувала во полиција.

Особено имајќи предвид дека осомничениот во континуитет претходно физички и психички ја малтретирал оштетената, јавниот обвинител оцени дека постојат околности што го оправдуваат стравот дека тој ќе го повтори кривичното дело или ќе го изврши кривичното дело со кое се заканува. Со такво образложение обвинителот до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања