Денеска ( 07.09.2022) во Кадино, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Ј.(31) од Скопје, кој од товарно возило "мерцедес" одзел 50 литри нафта. Со него е извршен службен разговор во ПСОН Гази Баба каде го појаснил начинот на извршување на делото и истиот признал дека извршил уште една тешка кражба, при што одзел нафта од автобус во с.Миладиновци. По документирање на случаите, ќе биде поднесена соодветна пријава.
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси