Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Скопјанец обвинет за недозволена трговија со кокаин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје, по завршување на истражната постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори по член 215 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Станува збор за претходно оформен кривичен предмет во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за нелегална меѓународна трговија со наркотична дрога – кокаин, каде постапката се водеше против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори по член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Откако кривичната постапка беше запрена против едниот осомничен, списите од овој предмет за вториот осомничен беа доставени на понатамошно надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Скопје.

— реклама —

Со поднесеното обвинение, обвинетиот се товари дека на 19.02.2020 година во село Крушопек, општина Сарај неовластено заради продажба држел наркотична дрога – кокаин со тежина од 1001 грам. Дрогата била откриена при извршен претрес на товарно моторно возило, во пакетите со банани кои биле превезувани за правното лице – сопственост на обвинетиот. Кокаинот бил спакуван во едно пакување во правоаголна форма, со две полиетиленски безбојни обвивки на кои имало ознаки и втиснато лого – глава на јарец.​

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања