Промени тема
Контакт

Скопјанец обвинет за обид за разбојништво и за кражби​

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
krazba
Илустрација

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 и во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Обвинетиот 31-годишен скопјанец, на 19.02.2020 година, влегол во супермаркет на ул. „11-ти Октомври“ и со употреба на огнено оружје се заканил на една вработена со зборовите: „Дај ги парите, ќе те убијам“. Пиштолот го вперил во нејзе, ја отворил касата и го извадил пластичниот дел од касата. Во тој момент оштетената му се спротивставила и му ја тргнала медицинската маска која обвинетиот ја носел на лицето, по што тој ја турнал на подот и избегал.

— реклама —

Против истото лице поднесен е и Обвинителен предлог за две кривични дел – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик. На 17 јануари обвинетиот, од маркет на улицата “50-та Дивизија” одзел 27.500 денари. Искористувајќи го невниманието на една вработена, тој се приближил до касата, ги украл парите и избегал. Од истиот маркет, на истиот начин, на 16 јуни годинава одзел уште 52.500 денари.

— реклама —

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања