ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

Скопјанец обвинет за убиство при семејно насилство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
tepa-zena

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Убиство по член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

— реклама —

Обвинетиот, на 10 мај во раните утрински часови, во куќа на улицата „Перо Наков“,при вршење семејно насилство, со умисла лишил од живот жена со која живеел во заедничко домаќинство и со која имал блиски лични односи. Тој со повеќе удари со раце и нозе во пределот на главата и по целото тело и нанел повеќе телесни повреди – хематоми и скршеници од кои кај неа се развил трауматски шок и настапила смрт.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, надлежниот јавен обвинител на Судот му предложи да ја продолжи претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.​

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања