„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Скопјанец од Волково го давел сопствениот татко, ОЈО покрена обвинение

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
ubistvo

— реклама —

— реклама —

Од страна на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје доставен е Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Телесна повреда од чл.130 ст.2  во врска со ст.1 од Кривичниот законик.

Осомничениот се товари дека на 14.12.2018 година во семејната куќа во с. Волково, при семејна расправија, телесно го повредил сопствениот татко, така што започнал да го дави со раце на вратот. По ова, неговиот брат успеал да го оттргне, удирајќи го во пределот грбот. Обвинетиот паднал на земја, а откако станал зел нож и започнал да замавнува, при што го удрил таткото во раката, нанесувајќи му раздерна рана.

Надлежниот јавен обвинител до судот достави и Предлог за определување мерка притвор за обвинетиот, бидејќи постои реална опасност дека тој ќе се крие или ќе се даде во бегство, односно дека ќе го повтори делото кое му се става на товар или ќе стори ново кривично дело.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања