Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Скопјанец осомничен дека извршил насилство врз 14-годишно девојче заради скршено огледало

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
ogledalo

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничениот 64-годишник грубо навредувал, малтретирал и извршил физичко насилство врз дете на возраст од 14 години. Имено, оштетената со нејзиното семејство биле потстанари во куќа во сопственост на осомничениот во Аеродром. На 23 јануари, девојчето скршило огледало во куќата, па сопственикот започнал најпрвин да ја навредува, а потоа и да ја удира со тупаници и со стап по главата и телото. Во еден  момент зел парче од скршеното огледало и започнал да ја сече од задната страна на вратот. Оштетената се обидела да избега и да повика помош, но тој продолжил да ја тепа и во дворот на куќата. За време на настанот во куќата била и сопругата на братот на оштетената со нејзините две деца на возраст од три месеци и 1.5 година, која не успеала да му помогне на девојчето.

Имајќи го предвид видот и тежината на кривичното дело што му се става на товар, предвидената казна, опасноста и степенот на загрозување од вакви кривични дела, како и фактот дека се работи за насилство врз 14-годишно дете, надлежниот јавен обвинител процени дека постојат околности кои укажуваат опасност од бегство на осомничениот. Од тие причини, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Притоа, јавниот обвинител го ценеше и фактот што се работи за кривично дело против јавниот ред и што осомничениот е лице кое е претходно осудувано и кое би можело да го повтори кривичното дело.​

— реклама —

фото:Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања