Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопјанец осомничен за полов напад врз 12-годишно девојче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено дека сторило кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 10 февруари, во напуштен објект позади прифатниот центар за бездомници „Ранка Милановиќ“ во Скопје извршил полови дејствија врз дете на возраст од 12 години. Тој жртвата, инаку негово вонбрачно дете со кое живеел во иста семејна заедница, ја зел во возило со изговор дека ќе ја носи во училиште, но ја однел во напуштениот објект, каде ја принудил на полови дејствија.

— реклама —

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и особени околности кои го оправдуваат стравот дека би можел да го повтори делото.

фото: Архива

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања