Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопјанец осомничен за убиството на две лица уапсен на Малта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
skopjanec-ubien

Виктор Драгомански, вработен како обезбедување во угостителски објект на Малта е уапсен под сомнение за двојно убиство извршено во островската држава, објави TVM од Малта, пренесува Телма.

— реклама —

„Ние сме во многу деликатна фаза на истрагата, има настани, но сè уште немаме никого уапсено. Работиме напорно на овој случај“, изјавија од полицијата по убиството.

— реклама —

Драгомански според првичните податоци е македонец од Скопје, а за двојното убиство извршено пред 8 дена исто така е осомничен 25 годишниот албански државјанин Даниел Мука. Мука, веќе бил на полициско сослушување, но во изјавата што ја дал пред органите, тој не бил организатор на убиството.

— реклама —

Првично полицијата се сомневаше на грабеж кој тргнал на лошо, но истрагата покажа дека се работи за добро смислено и нарачан убиство, што отоа го потврдил и Мука во изјавата. На снимките од надзорните камери, се гледаа двајца како со орује бегаат од куќата во кја се случило убиството. На самото место, биле пронајдени шест чаури, а обдукцијата покажала дека Пандолфино бил застрелкан со четири куршуми, а Мациејовски е усмртен со еден истрел во главата.

На јутуб е објавена снимка од акцијата за приведувањето на Мука, каде целиот кварт бил опколен.

Жртвите на двојното убиство се партнерска двојка хомосексуалци, др Кристијан Пандолфино и британецот со полски корени Ивор Мациејовски. Двајцата се убиени пред 8 дена, едниот е најден на првиот кат во заедничкиот дом, додека телото на втората жртва е откриено на вториот кат во куќата во градот Слиема во Малта. Пред да бидат откриени убиените се слушнале истрели во куќата.

Жртвите биле во врска 4 години, Пандолфино бил лекар кој се префрлил во друга дејност и сега се занимавал со инвестирање во банки и фондови, а Мациејовски бил дилер и продавач на дела од современа уметност. Досега полицијата на Малта не соопшти детали за евентуалните мотиви за убиството за кое денеска е уапсен и македонецот Виктор Драгомански.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања